"Не живееме во СФРЈ па секоја република да мора да има свој тим во АБА"

Македонската кошарка останува без претставник во најсилното натпреварување на просторот на поранешна СФР Југославија, а МЗТ Скопје следната сезона ќе може да се пријави само за настап во АБА 2-лигата, заедно со уште еден тим од нашата земја.

Претседателот на АБА и КК Црвена звезда, Небојша Човиќ, за српските медиуми зборуваше за новиот систем на натпреварување во регионалната лига.

Многумина ја критикуваа одлуката на раководството, а Човиќ на прозивките одговори:

„Собранието на АБА лигата, одржано на 13 март 2018 година во Белград, претставува само логично продолжување на сѐ што клубовите сторија во изминативе години во АБА лигата. И понатаму не можам да верувам, дека многу лица не разбираат и не ги читаат одлуките кои ги донесеовме, а од друга страна имаат и групација на оние кои се шокирани, злонамерни и на прво место целосно неупатени лица во целиот проект, но имаат што да кажат?

Сите одлуки на Собранието  беа донесени едногласно, па и одлуката едне клуб да влегувата во првата АБА лига. Дали ние имаме квалитет во регионот за повеќе од 12 клуба во првата АБА лига, и 12 во втората АБА лига? За жал, немаме! Наш е интерес е, тука мислам на сите клубови, да имаме што подобар квалитет на лигата, бидејќи тоа е производ на сите клубови со кој мораме да ги заинтересираме спонзорите.

Ова не е времето на СФРЈ иако имаме лига на клубови од регионот, бидејќи ова не се времиња во кои финансиската ситуација на клубовите е сјајна. Ние тие пари мора да ги заработиме и да се избориме да стигнеме до нив преку спонзорски договори, како овој повеќегодишен што го имаме и што ни овозможува 1,8 милиони евра по сезона од ТВ правата. Со тоа ги покриваме трошоците за сместување, превоз, судии... за сите клубови во првата АБА лига, а и во втората АГА лига, но засега бе покривање на трошоците“, вели Човиќ.

Значи, во слободен превод, Човиќ на сите им даде до знаење дека регионалното натпреварување практично е во сопственост на екипите кои ја донесоа одлуката да ја „затворат“ лигата. На останатите клубови, како и национални сојузи, не им е оставен избор, како ниту правото на мислење или сугестија. Приватна лига, приватни правила...