Навива за Партизан и Хрватска, а напиша и книга за „црно-белите“ (ВИДЕО)

Партизан оствари триумф против Цибона во Загреб од 79-61 минатиот петок, а посебно внимание привлече еден специјален гостин на трибините, кој воедно навива за „црно-белите“, а станува збор за хрватскиот спортски новинар Ивица Пезељ.

Ивица, исто така, е автор на книга со интересен наслов „Додека Партизан битки бие, хрватски барјак се вее“, а за тоа има логично објаснување.

Пезељ почнал да навива од дете за Партизан, а тоа е необично со оглед на тоа дека цел живот го минал во Хрватска, а неговото срце не го освоиле Динамо, Хајдук, Риека, Цибона, Задар или некој друг тим.

„Времињата се менуваат, многу работи се случија, но само љубовта кон Партизан остана од 1976 година до денес. Мојот вујко беше голем навивач на Партизан, заедно гледавме и тој влијаеше на мене“, раскажува навивачот на „црно-белите“.

Се присети на спомени, како дуелот меѓу Партизан и Олимпија од пред 45 години, а исто така редовно ги следи и останатите спортски екипи на „црно-белите“.

„Најдобри спомени имам од преносот меѓу Олимпија и Партизан во 1976 година, кога станавме шампиони, тоа го пишува и во мојата книга. Следам фудбал и кошарка, како и останато колку што можам. Ватерполистите ги гледав во 2011 година кога станаа шампиони“, раскажува тој.

Неговата книга привлече голем интерес од српската, но и хрватската јавност, а еден примерок заврши и во рацете на тренерот Жељко Обрадовиќ.