Најомразениот селектор на Македонија нападнат од навивачите на својот клуб!

Поради резултатот кој го оствари на Европското првенство (ЕП) пред пет години во Словенија, каде што Македонија со речиси истиот тој од Литванија заврши четврта одзади, но пред сѐ поради неговото одбивање воопшто да се појави пред јавноста по дебаклот во Јесенице, го направи Словенецот Алеш Пипан во дефинитивно најомразениот селектор кој некогаш седел на клупата на кошаркарската репрезентација.

Дека студениот однос не му бил резервиран само за макбаскетот, каде што е познат и како поранешен тренер на МЗТ Скопје, се виде и викендов кога Пипан беше вербално нападнат од навивачите на тимот во кој во моментов работи, хрватски Задар. По вчерашниот пораз на домашен терен од Морнар (83-93), членовите на навивачката група „Торнадо“ упаднаа на прес-конференцијата и му порачаа дека повеќе не е пожелен во нивниот клуб.

Фановите го прашаа дали планира да си поднесе оставка, а одговорот на Пипан дополнително ги налути.

„Не размислувам за оставка. Не сметам дека треба да понесам одговорност за скорот 0-4 во АБА-лигата, едноставно никој пред сезоната не рече дека мора да бидеме прво по четири кола“, изјави Словенецот.

Деке неретко е омразен кај навивачите покажува и фактот што беше жестоко исвиркан од македонската спортска јавност по неговото прво појавување во Скопје по ЕП 2013 во Словенија, кога неговиот тогашен тим Унион Олимпија веќе во првото коло му гостуваше на МЗТ Скопје.