МЗТ Скопје е меѓу клубовите по кои АБА најжестоко „удираше“ во минатото!

Српските медиуми деновиве уште еднаш се вратија на темата на односот на раководството на АБА-лигата кон клубовите оваа земја, гледано од призмата на износот на казни изречени последниве три години во што убедливо најсанкционирани се белградските гиганти – Партизан и Црвена звезда.

Црно-белите имаат платено убедливо најмногу пари и тоа вкупно 47.300 евра, додека црвено-белите поради казнувањата уплатиле 35.400 евра. Веднаш зад нив се Задар со 32.400 евра, Будуќност со 23.800 евра и Цедевита со 19.800 евра. Тоа што делува помалку изненадувачки, на шестата позиција е нашиот МЗТ Скопје со 10.900 евра.

Најголемиот дел од санкциите за „металците“ биле изречени во сезоната 2015/16, кога на име на казни била платена речиси половина од вкупната сума (5.300 евра), додека во следната тие изнесувале 2.200, а во минатата сезона 3.400 евра.

Зад шесткратниот македонски шампион е уште тимот на Цибона со казни во износ од 8.800 евра, додека за останатите екипи нема податоци. Симптоматично е што меѓу најсанкционираните нема екипа од Словенија.