Македонски тренери пред промоција на клупата на Партизан!

Словенечкиот стратег со македонско потекло, Сашо Филиповски, заедно со поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Бобан Митев, се наоѓаат пред промоција на клупата на Партизан, каде што е прашање на време кога ќе дојде со смена на сегашниот предводник.

Завчерашниот пораз на домашен терен од француски Бурж ги засили нападите врз Владо Шчепановиќ, кому, според српските медиуми, веќе му се избројани деновите. Филиповски е поранешен тренер на Олимпија, Рома, полски Стелмен, Банвит како и асистент на Душко Вујошевиќ во ЦСКА Москва, кој е роден во Љубљана, но детството го минува во Скопје со оглед што неговиот татко е Македонец и поранешен голман на Вардар.

Тој речиси секаде работи заедно со својот асистент Митев, кој, пак, во два наврати беше прв тренер на тимот од Аеродром.