Лудило во Ниш: Партизан во драматичен финиш ја совлада Црвена Звезда

Кошаркарите на Партизан го освоија Купот „Радивој Кораќ“ откако денеска во Ниш славеа против големиот ривал Црвена Звезда со 76-74.

Поголемиот дел од натпреварот беше неизвесен, а Партизан на полувреме имаше водство од 37-33, но вистинското лудило се случи во самиот финиш.

На две секунди пред крајот од мечот Партизан имаше водство од 74-72, Добриќ промаши две слободни фрлања, но скокна во напад и погоди за 74-74.

Партизан имаше само две секунди за напад, но со звукот на сирената беше направен прекршок врз Џок Ландејл и така Партизан го освоио српскиот Куп со 76-74.

Најефикасни во победничкиот тим беа Алекс Ренфроу и Ландејл со по 18 поени, додека кај Црвена Звезда најдобар беше Били Барон со 18 поени.