Легенда на Партизан ја бие најголемата битка – за својот живот (ФОТО)

Една од најголемите играчки легенди на кошаркарскиот великан Партизан, Миленко Савовиќ, се наоѓа во болница каде што води жестока битка за својот живот поради проблеми со коронавирусот.

Тој веќе некое време е заразен со Ковид-19, поради што неодамна морал да биде хоспитализиран поради влошување на ситуација, каде што добива поддршка од своето семејство, пријатели, но и обични спортски вљубеници.

„Поддршка за нашиот Миленко, да излезе како победник и од овој жесток дуел со коронавирусот“, пишува во објавата на навивачите на Партизан на социјалните мрежи.

Савовиќ беше еден од најдобрите кошаркари на црно-белите, дрес кој го носеше кон крајот на седумдесетите и за време на осумдесетите години од минатиот век. Зад себе има три титули шампион на некогашна СФР Југославија, три трофеи во Купот Радивоје Кораќ, како и два пехари од Купот на СФРЈ.

Беше и југословенски репрезентативец со сребро од европско првенство.