Кузмиќ би можел да „скапе“ во затвор за сообраќајка во која – едвај остана жив!

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Огњен Кузмиќ, се соочува со затворска казна во траење од осум години, откако и формално беше обвинет за предизвикување сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица.

Играчот на Црвена звезда, кој во моментов настапува на заем во ФМП, едвај остана жив во несреќата, која се случи по негова вина. Кузмиќ на патот Бања Лука-Приједор возел со брзина од 125 километри на час на дел на кој максимално било дозволено да се вози со 60 километри на час, а згора на тоа бил пијан. Покрај него, тешко бил повреден и неговиот совозач Богдан Илиќ, како и Марко Мијатовиќ и Дражан Јањанин, кои биле во другиот автомобил.

Несреќата се случи на 14 јули минатата година, по што српскиот кошаркар мина долг период во болница и на рехабилитација, по која успешно се врати на теренот.