Кошаркарската сезона ќе почне со публика, ама не (и) во Македонија!

На навивачите ќе им биде дозволено да се најдат на трибините на почетокот од кошаркарската сезона, но, за жал, не во Македонија туку во – Бугарија.

Со одлука на министерот за спорт на нашиот источен сосед, ова правило ќе почне да важи од 1 октомври, навреме за стартот на Првата лига во која Левски Лукоил влегува како најголем фаворит за титула. Сега се подготвуваат неопходните протоколи, со напомена дека сигурно ќе биде ограничен бројот на фанови кои би можеле да се најдат на трибините и тоа преку едно или две столчиња.

Со публика се очекува да почне сезоната и во Евролигата и Еврокупот, каде што на клубовите ќе им биде дозволено да пополнат 30-отсто од салите во кои настапуваат.

Во Македонија сѐ уште е на сила забраната за публика на спортските натпревари, иако во меѓувреме се дозволија секакви групни собирања и настани, како концерти на отворено и на затворено.