Кошаркар со лажна урина сакал да помине допинг, резултатите урнебесни – бил труден!?

Американскиот кошаркар Ди Џеј Купер е во „блажена состојба“ покажале резултатите од допинг-тестот кој го направил, па лекарите останале подзинати кога ги прочитале истите, сфаќајќи дека Американецот ги измамил.

Урнебесната приказна со кошаркарот ја изнасмеа спортската јавност, кога тој се обидел да мами на допингот, но во таа измама се покажал дека не е баш најумешен. Успеал да се снајде, арно ама излегол смешен. Купер подметнал туѓа урина за да го мине тестот, но резултатите го откриле.

Лекарите кога ги виделе истите, а тие покажале дека е „труден“ прво останале запрепастени, за потоа да сфатат дека ги измамил, подметнувајќи друга урина и сега се соочува со сериозна санкција.

Американецот пред неколку години тренираше со селекцијата на БиХ, требаше да игра за нив, но одеднаш му текна и избега од подготовките. Тој е поранешен кошаркар на ПАОК, Панатинаикос, АЕК, Монако... Пред шест години се пријавил и на НБА драфтот, но не бил избран и потоа решил кариерата да ја гради во Европа.