Кошаркар на Будуќност колабирал на тренинг - префрлен е во болница, но состојбата е подобра

Крилото на Будуќност од Подгорица, Данило Николиќ колабирал денеска на тренинг и бил итно префрлен во болница, во драматичните моменти во салата кога срушил и сите помислиле на најлошото, но состојбата на кошаркарот потоа се подобрила, па сега е пуштен дома.

Николиќ се срушил на тренингот по што итно интервенирала лекарската екипа, па со брза помош бил префрлен во болница, но според последните информации ситуацијата сега е добра и тој е контактибилен, а нови инспитувања ќе направи во странство.

„На нашиот кошаркар Данило Николиќ денеска на тренинг му се слоши и после укажаната прва помош од лекарскиот тим итно беше префрлен во клиничкиот центар поради дополнителни испитувања. Тој сега е пуштен дома и другите прегледи ќе ги направи во странство. Ги замолуваме сите да ја почитуваат приватноста на нашиот кошаркар и неговото семејство, а на Дачо му посакуваме побрзо закрепнување“, објави Будуќност.

Станува збор за кошаркар кој може да игра и како крило и како центар, а ова е вторпат како е дел од Будуќност, кога се врати во 2017 година. Претходно беше член на подгоричкиот тим од 2011 до 2014 година.