Кошаркар на Блокотехна е МВП на сезоната во БИБЛ-лигата!

Американецот во дресот на Блокотехна, Двејн Бенџамин, на вчерашната церемонија на отворање на завршниот турнир во Балканската лига (БИБЛ) го доби признанието за најкорисен (МВП) играч на регуларниот дел од сезоната.

Неговата фантастична игра беше и една од причините што гевгеличани најголем дел од првенството беа првопласирани на табелата, а неговата повреда и мала минутажа беше и можеби главната причина за поразот во вчерашното полуфинале против Левски Лукоил. Бенџамин настапи на 12 средби со просек од 20,7 поени и 6,3 скока.

Негова најдобра партија беше токму против вчерашниот противник од Софија, но на меч одигран на 24 јануари, кога средбата ја заврши со 30 поени и девет скока.