Комична ситуација кај соседите: Остана без клуб бидејќи во пасошот повеќе немал место за нова виза!

Од Бугарија пристигна една бизарна вест кога е во прашање кошарката во оваа земја.

Имено, екипата на Черно Море мораше да го отпушти својот најдобар кошаркар, одличниот Американец Џими Гавин, затоа што во неговиот пасош немаше простор за нова визи!

Пасошот на Џими е исполнет до последното место. Нема повеќе простор за нова виза, а за нејзино ново издавање потребни се 21+35 дена, така што излегува дека ќе бидеме без неговите услуги повеќе од два месеци. Најдобриот наш кошаркар е навистина добар човек, но навистина нема што да направиме, истакна директорот на клубот, Саша Топчов.

Инаку, Гавин е на врвот на стрелците на Бугарската лига со просек од 20.5 поени по натпревар.