Кокошков разочаран: Коронавирусот ги откажа подготовките на кошаркарите на Србија!

Најдобрите српски кошаркари требаше задутре да заминат на мини-подготовки на Копаоник, но тоа нема да се случи, на разочарување на селекторот Игор Кокошков, поради сѐ поголемиот број заразени со Ковид-19 во Србија, но и фактот што меѓу нив е и еден од потенцијалните репрезентативци, Стефан Ѓорѓевиќ.

Веднаш по дознавањето на лошата информација, Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) ги откажа подготовките со цел да го заштити здравјето на тренерите и на останатите членови на националниот тим.

„Ваквата одлука ја донесовме водејќи грижа за здравјето и безбедноста на кошаркарите, со желба репрезентативците да не се изложуваат на било каков ризик од евентуална зараза со коронавирусот“, изјави од КСС.

На списокот кошаркари кои требаше да се појават на подготовките на Копанок беа и ѕвезди како Милош Теодосиќ, Мирослав Радуљица, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Немања Недовиќ, Никола Калиниќ, Раде Загорац, Огњен Кузмиќ...