Кога ќе те погоди песната: Јокиќ гол до појас лудува на хит на Драгана Мирковиќ! (ВИДЕО)

Најплатениот српски спортист на сите времиња, кошаркарот Никола Јокиќ, изминатиот период го мина во родниот Сомбор каде што се одмараше по напорната сезона, но и пред почетокот на подготовките на репрезентацијата на Србија за настап на СП 2019 во Кина.

Дека неверојатната сума од 150 милиони долари која му е гарантирана со договорот со Денвер нагетс воопшто не со изменила покажува и видеото кое се појави деновиве како „џуска“ на турбо-фолк музика. Јокиќ, гол до појас, лудува на песна на Драгана Мирковиќ на одушевување на останатите во диското.