Кочов: Со 13 промашени слободни не можеш да победиш никого!

По поразот на гостивањето кај Сплит со 98-85, македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје, останува на второто место на табелата, но полека ги губи шансите за највисок пласман во регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.

Предводникот на „металците“, Ѓорѓи Кочов, знае дека против себе имал доста квалитетна екипа, а воедно истакна дека 13-те промашени слободни фрлања се главна причина за поразот на својот тим.

Направивме многу пропусти во одбраната во првото полувреме. Добро го контролиравме натпреварот, но во клучните моменти ја немавме вистинската игра во одбраната. Сплит е одличен тим со талентирани кошаркари. Ги понесе и атмосферата на овој меч, а ние застанавме за момент. Примивме 98 коша, а промашивме 13 слободни фрлања. Со толку промашени слободни не можеш никого да победиш, истакна Кочов по натпреварот.