Кочов (пре)задоволен: Бевме фантастични во второто полувреме!

Исклучително значајна победа остварија кошаркарите на МЗТ Скопје на вечерашното гостување кај Ловќен, која делумно го анулира поразот во претходното коло на домашен терен против лидерот во АБА2-лигата, Приморска.

Сино-белите одиграа фантастично, беа доминантен тим во текот на целиот меч и сосема заслужено дојдоа до драгоцените бодови во пресметката со директен ривал за највисок пласман.

„Одигравме еден квалитетен натпревар во кој оставривме многу важна победа. Во првото полувреме одржувавме предност од шест-седум поени. Во продолжението засиливме и одигравме фантастично второт полувреме и мислам дека заслужено се радувавме на триумфот", изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

Тренерот на противникот, Миодраг Kадија, призна дека Ловќен загубил од подобра ривал.

„МЗТ Скопје одигра подобро од нас. Нешто налик од ситуацијата во мечот од првиот дел кога загубивме во продолжението, а кога имавме и два напади за победа. Можеби мислевме дека вечерва ситуацијата ќе биде нешто полесна. но никако не може да се потцени екипа која според квалитетот е втора на табелата. Вечерва не бевме вистински", изјави тренерот на домашната екипа.