Каков Стеф Кари, кошаркар на Мега збесна со тројки на тренинг - даде 36 по ред! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Мега Лекс, Андрија Марјановиќ, имаше неверојатна шутерска серија на тренингот на својата екипа.

Марјановиќ во тренинг салата на својата екипа шутираше 36 тројки и ги погоди сите до една. А, тоа е уште една одлична шутерска серија на тренингот на Мега по Никола Мишковиќ, кој претходно шутираше 25 од 25.

Мега сезонава е едно од најпријатните изненадувања во АБА-лигата и се наоѓа на делба на втората позиција со резултат од седум победи и два порази.