Јокиќ се врати во Сомбор и заигра кошарка со пријателите (ВИДЕО)

Српскиот центар Никола Јокиќ по напорната сезона во НБА-лигата реши да го помине слободното време во родниот Сомбор.

Јокиќ имаше одлични настапи сезонава, па го најде своето место и во идеалната петорка во НБА-лигата.

По две серии кои Денвер ги играше со Сан Антонио и Портланд, се поставуваше прашањето дали Јокиќ на лето ќе заигра за репрезентацијата на Србија, а навивачите добија позитивен одговор.

На социјалните мрежи беше објавена снимка од најдобриот центар во НБА-лигата како со пријателите игра баскет во Сомбор.