Јадранот (пре)солен за охриѓани: Втора „нула“ за АВ Охрид во АБА2-лигата!

Втор меч и втор пораз за АВ Охрид во регионалната АБА2-лига, откако вечерва беа убедливо поразени на гостувањето кај црногорски Ловќен со 72-94.

Претходно, охриѓани загубија дома во пресметката со Борац од Чачак. Македонскиот тим постојано беше во негатива и во ниту еден момент не дојдое до ситуација да направи резултатски пресврт. Искусните Црногорци ја контролираа играта и заслужено дојдоа до триумф.

Американецот Кенет Рос со 23 поени беше најпрецизен кај охриѓани, францускиот интернационалец Реми Бери постигна 16, а Бугаринот Станислав Цонков 15 поени.

Во следното коло од второлигашкото регионално натпреварување, АВ Охрид ќе го пречека српски Вршац.