Имало бетер и од нас: Србинките ја згазија Албанија со троцифрена разлика!

Дека имало бетер и од нас покажува денешниот резултат од мечот меѓу Албанија и Србија, кадешто нашиот северен сосед успеа да слави со неверојатни 139-34 во квалификациите за Европското првенство.

Првата четвртина Албанките ја загубија дури со 21 разлика, а како минуваше времето така Србинките го зголемуваа темпото, па по четвртини славеа со 38-8, 32-4 и 33-7.

Најефикасна кај Србија беше Николина Милиќ со 24 постигнати поени, додека Јована Ногиќ постигна 20.

Србија е лидер во групата Е со две победи и без пораз, додека Албанија остана последна со два порази.