Илиевски се „враќа“ од пензија за да заигра заедно со Антиќ во Љубљана!

Уште не е позната иднината на Перо Антиќ, но кошаркарот ќе прифати да биде дел од ревијалниот натпревар на 30 август во Љубљана, на кој ќе се простат две легенди на Словенија, Боштјан Нахбар и Сани Бечировиќ.

На натпреварот треба да се појави и Владо Илиевски, кој пред една година ја заврши кариерата, а тој заедно со Антиќ ќе игра во „екипата на Бечировиќ“ покрај Мирослав Радуљица, Матјаж Смодиш, Фрагискос Алвертис, Марко Белинели... Додека тренери ќе бидат Жељко Обрадовиќ, Саша Ѓорѓевиќ, Димитрис Итудис, Меми Бечировиќ...

На противничката страна, односно во „екипата на Нахбар“ ќе настапат Зоран Планиниќ, Ненад Крстиќ, Јака Лаковиќ, Лорбек... А, на клупата ќе бидат поранешните тренери на МЗТ Скопје, Зоран Мартиќ, Алеш Пипан и Змаго Сагадин.