Игокеа на Бајиќ немаше проблем против Сплит (ВИДЕО)

Игокеа славеше убедлива победа од 85-67 против Сплит во првиот натпревар од 5.коло во АБА-лигата. 

Тимот на македонскиот селектор Драган Бајиќ се мачеше само во првата четвртина, што ја загуби со 18-20, но во продолжението го декласираше хрватскиот состав за трета сезонска победа. Далибор Илиќ со 15 поени најмногу се истакна кај Игокеа, додека кај Сплит, Дарко Бајо имаше 11 поени за гостите.

На вториот вечерашен натпревар, Задар славеше против Борац со 70-56. За хрватскиот состав ова беше прва сезонска победа.