Хаос во Србија: Пресметка на трибините на мечот меѓу Партизан и ФМП (ВИДЕО)

Партизан во третата средба од полуфиналето на плејофот од Суперлигата на Србија го совлада ФМП со 97-59.

Меѓутоа и овој натпревар имаше трето полувреме. На крајот на првиот период поради две технички грешки беше исклучен директорот на ФМП, Владан Митровиќ, а потоа дојде до конфликт со навивачите на Партиза и мечот беше прекинат на неколку минути.

Потоа почна погрдно скандирање на навивачите на сметка на Митровиќ, а дел од фановите фрлија предмети, додека еден од нив го погоди директорот во глава.

Тој потоа одби да ја напушти гостинската клупа и да излезе од салата, а по неколку минути ситуацијата се смири, па директорот можеше мирно да замине.