Хаос во Атина: Навивачи со различни предмети ги гаѓаа кошаркарите на Олимпијакос (ВИДЕО)

Големото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос донесе тензии, па вториот меч од финалната серија беше прекинат поради навивачите.

Фановите на Панатинаикос почнаа да гаѓаат со различни предмети по кошаркарите на Олимпијакос, па мораа да реагираат домаќините и да ги смират навивачите.