Грчките гиганти сакаат да ја продолжат војната и во АБА-лигата!

Панатинаикос и Олимпијакос сакаат од следната сезона да се натпреваруваат во АБА-лигата. Двата грчки гиганти официјално побарале да учествуваат во регионалното натпреварување. 

Лутите ривали речиси и да не можат да организираат меѓусебен дуел во грчкото првенство без инциденти, скандали и многу проблеми со навивачите, па меѓусебната „војна“ сакаат да ај продолжат и во рамки на АБА.

Денеска во Бања Лука се одржува состанок на врвот на лигата, а тема на разговор ќе бидат токму барањата на грчките тимови, а желба да се натпревува во АБА има и еден израелски тим.

„Добивме барања од Олимпијакос и Панатинаикос од Грција, како и израелскиот тим Бнеи Херцлија. Овие три клуба ќе бидат тема на разговор и ќе видиме како останатите клубови ќе реагираат на нивните барања“, изјавил за босанските медиуми директорот на АБА-лигата, Крешимир Новосел.