Ѓорѓевиќ за репрезентацијата на САД: Ако се сретнеме, Господ нека им е на помош!

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, го откри списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот Мундобаскет во Кина.

На списокот останаа 14 кошаркари, а од него отпаднаа Дејан Тодоровиќ, Алекса Аврамовиќ и Никола Јовановиќ. Сепак, Ѓорѓевиќ ќе мора да направи уште една „рецка“ пред конечните 12 кошаркари кои ќе патуваат на СП. 

Неизбежно е прашањето во врска со селекцијата на САД која важи за фаворит кога е во прашање освојувањето на титулата, иако летово многу од НБА кошаркарите го откажаа својот настап во Кина.

Воопшто не размислуваме за нив, тоа ни се случуваше многу години досега. Јас размислувам за сите други репрезентации освен за САД. Размислува за некои репрезентации кои досега не се споменуваа како кандидати за медал како Германија. Размислувам за Грција, Русија, да не споменувам Франција која пак има фантастичен состав. Аргентина, Канада, Бразил, Шпанија се силни. Немојте воопшто да размислувате за Американците, тие нека ја играат нивната кошарка, ние нашата. Ако се сретнеме, Бог нека им е на помош, изјави Ѓорѓевиќ за српски „РТС“.