ФМП Академија со победа ја заврши деби сезоната во БИБЛ-лигата

Навико Академија ФМП го совлада Балкан со 77-75 во последното 8.коло од групната фаза во Балканската БИБЛ-лига. 

Скопскиот тим до победата дојде во второто полувреме, бидејќи на паузата имаше негатива од 13 поени. Стефан Крстајиќ беше најефикасен во домашниот табор со 25 поени, Били Ајви постигна 18, додека Лука Стојановски 13 поени. 

Академија ФМП ја заврши деби сезоната во регионалното натпреварување со скор од шест порази и две победи, двете остварени во последните две кола.