Филип Петрушев се откажа од НБА-драфтот и потпиша за – српска Мега!

Еден од најталентираните кошаркари во регионот, Филип Петрушев, кој поради пандемијата со коронавирусот е пролонгиран за октомври, туку реши да потпише за белградскиот АБА-лигаш, Мега Бемакс.

Станува збор за 20-годишен јуниорски репрезентативец на Србија, кој е роден во Белград и кој, според името и презимето, дефинитивно влече корени од нашата земја. Има настапувано за младинските тимови на Црвена звезда и Партизан, а на 14 години потпиша за шпанска Басконија, по што, две години подоцна, се пресели во САД. Таму смени две средни училишта, па во 2017 година потпиша за Гонзага. Зад Петрушев се две одлични сезони во овој престижен универзитет од каде што има излезено кошаркар како Џон Стоктон.

Мега Бемакс, пак, важи за еден од најголемите европски расадници за талентирани кошаркари, кои потоа кариерата ја продолжуваат во НБА-лигата. Очекувањата се Петрушев првите сениорски чекори да ги направи токму во овој тим во силната АБА-лигата, па по неколку години да се пресели во САД движејќи се по стапките на Никола Јокиќ, кој исто така настапуваше за оваа екипа.