ФИБА му оддаде почит на Буштур: Кошаркарскиот свет загуби многу! (ФОТО)

Македонскиот спорт пред се кошарката остана без легендата Благоја Георгиевски – Буштур кој ноќеска трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа во Кисела Вода.  

Благоја Георгиевски ќе остане запаметен како единствениот македонски кошаркар кој освоил медали од големите натпреварувања, а почит на легендата му оддаде и Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Кошаркарскиот свет го загуби Благоја Георгиевски, гласи насловот на официјалната страница на ФИБА со текст во кој е опишана кариерата на Буштур и како играч и како спортски работник.