ФИБА избра: Поранешен кошаркар на Кожув е најспектакуларен баскетчија на светот! (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на македонскиот прволигаш Кожув, Србинот Душан Домовиќ-Булут од Светската кошаркарска федерација (ФИБА) е избран за најспектакуларен играч на „3Х3“ Светскиот куп во баскет.

За Булут ова е второ вакво признание, како дополнение на големиот број златни медали од европските и светски првенства. Во дресот на гевгеличани настапуваше во сезоната 2011/2012 кога просечно реализираше 21,2 поени и 4,7 скока. Кошаркарската кариера ја заврши во 2016 година кога целосно му се посвети на баскетот, кој во меѓувреме стана и олимписки спорт.