Еврокуп ги соопшти учесниците, извиси најамбициозниот тим во АБА!

Челниците на Еврокупот во организација на Унијата на европски лиги (УЛЕБ) денеска ги објавија имињата на тимовите кои ќе бидат дел од ова натпреварување во следната сезона, меѓу кои има и три претставника од просторот на поранешна СФР Југославија.

За Партизан однапред се знаеше дека ќе игра, поради пласман меѓу осумте најдобри во сезоната што беше прекината поради пандемијата со коронавирусот, додека Будуќност и Цедевита Олимпија ќе ја заокружат тројката преставници од АБА. Извиси можеби најамбациозниот тим на просторот од екс-СФРЈ, црногорски Морнар и тоа само поради проценката дека би било премногу да има два тима од малата Црна Гора во ова натпреварување.

Составот од Бар речиси и да го има склопено тимот за следната сезона и тоа со исклучително квалитетни и скапи кошаркари, поради што дополнително ќе биде поголемо разочарувањето ќе регионот не доби уште едно место во Еврокупот. Ова воедно е и шанса за Лигата на шампионите на ФИБА да „украде“ уште еден квалитетен тим, кој дефинитивно својата иднина во европската кошарка досега ја гледаше во лигите на УЛЕБ.

Македонија во минатото во два наврати имаше свој претставник во второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент и тоа во МЗТ Скопје. Првиот дел од ова натпреварување е планиран да се одигра во периодот од 30 септември до 16 декември, а ТОП 16-фазата ќе биде од 30 декември до 3 февруари 2021 година Четврт-финалето ќе се игра од 2 до 10 март, а полуфиналето од 16 до 24 март. Финалната серија, пак, е планирана од 6 до 14 април 2021 година.  

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ ВО ЕВРОКУПОТ

Монако, Бахчешехир, Будуќност, Цедевита Олимпија, Скајлинерс Франкфурт, Бурсаспор, Бреша, Гран Канарија, Бург, Хувентуд, Лиеткабелис, Локомотив Кубан, Макаби Ришон ЛеЗион, Левалоа, Андора, Нантер 92, Партизан, Промитеас, Ратиофарм Улм, Антверп, Рејер Венеција, Уникаха, Уникс, Виртус Болоња.