Емоциите на најсилно: Екс-тренер на МЗТ урлаше на цел глас и тоа на – контролен меч (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Анте Назор, кој во 2017 година ја освои шестата шампионска титула во историјата на овој клуб е познат по своите емоции кои не се обидува да ги сокрие додека ги води натпреварите, поради што деновиве е вистински хит во хрватските медиуми.

Сегашниот стратег на Задар буквално урлаше на своите кошаркар за време на тајмаут во завчерашниот пораз од германска Алба (68-100) на турнирот чиј домаќин беше овој хрватски АБА-лигаш. Назор незадоволен од начинот на кој неговите играчи играа одбрана буквално полуде и викаше и фрлање со тренерската табла во лутина.

„Немаааа лесни поениии“, урлаше Назор на цел глас во салата „Крешимир Ќосиќ“.

На турнирот во Задар настапија уште и Анадолу Ефес и Химки, екипа против која домаќинот дојде до единствената победа. Задрани беа тимот кој пред неколку месеци излезе како победник во баражот со МЗТ Скопје (2-1) за влез во АБА. За нив во новата сезона ќе настапува довчерашниот аеродромец, Иве Иванов.