Доскорешен репрезентативец на Србија итно хоспитализиран поради Ковид-19!

Поранешниот репрезентативец на Србија, Милан Мачван беше хоспитализиран во болницата „Драгиша Мишовиќ“. Српските медиуми објавија дека кошаркарот бил позитивен на коронавирус и мора да биде под надзор на докторите.

Мачван е уште еден популарен спортист, кој се зарази со опасниот коронавирус кај нашиот северен сосед Србија.

Пред него, Ковид-19 беше пронајден кај Новак Ѓоковиќ, Никола Јокиќ, голем број фудбалери на Црвена Звезда и Партизан, како и други клубови.