Долгогодишниот помошник селектор на Србија заврши во болница поради ковид-19

Коронавирусот продолжува да се шири низ Србија, а многу спортски имиња се на листата на позитивни. Последниот кој го има опасниот вирус е легендарниот кошаркарски тренер Мирослав Мута Николиќ.

Тој е хоспитализиран како мерка на претпазливост, но се наоѓа во добра здравствена состојба. Николиќ има 64 години, па затоа докторите не сакаат да ризикуваат ништо со неговото здравје, бидејќи коронавирусот има најголема стапка на смртност кај постарите лица.

Николиќ во два наврати беше тренер на Партизан, како и Будуќност, а во Црвена Звезда работеше како помошник тренер. Беше помошник селектор во ерата на Александар Ѓорѓевиќ до минатата година, а беше дел од стручниот штаб и на Југославија од 1996 до 1998 година.