Дино Раѓа распука по АБА-лигата: Не знам кој уште го гледа тоа

Поранешниот хрватски кошаркар и НБА-ѕвезда, Дино Раѓа нема баш високо мислење за АБА-лигата. Тој во подкастот на „Спортски новости“ имаше само критики за правецот во кој отиде регионалното натпреварување. 

Фактот дека речиси сите клубови имаат по неколку Американци во своите редови, воопшто не придонесува за развој на домашните кошаркари, во овој случај хрватските. 

„Јас од поодамна велам дека во моментов не сме подготвени да играме АБА-лига. Замина во погрешен правец. Тоа требаше да биде лига во која играчите ќе се развиваат и напредуваат, што е поголема конкуренцијата, тогаш профитот би бил поголем. Но, АБА-лигата се претвори во тоа кој клуб има повеќе пари и кој ќе донесе повеќе Американци“, рече поранешниот кошаркар на Бостон Селтикс.

„Не гледам никаква смисла за хрватската кошарка, ниту пак за некој друг што исто така игра во оваа лига. Слушнав дека моментално во лигата играат околу 40 Американци. Тоа се четири комплетни екипи, тоа е лудо. Еден или двајца, разбирам, но пет или шест Американци во еден тим е без врска. Играат меѓусебе, а тоа нема никаква корист за другите играчи. Не знам кого го интересира оваа лига, јас не се сеќавам кога последен пат сум гледал некој натпревар од АБА-лигата“, додаде Хрватот.