Димитријевиќ: За Партизан навивам од дете, ама ќе сторам сѐ за да го – победам!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, денеска, со екипата на Хувентуд, го почнува настапот во Еврокупот и тоа против Партизан, екипа за која навива уште како дете, со оглед што речиси сите во неговото семејство се фанови на овој тим од Белград.

Плејмејкерот за составот од Бадалона во интервју за „Спортклуб“ потенцира дека е добро што средбата се игра пред публика, која иако ќе биде во мал број, сепак, ќе им дава своевиден ветер в грб бо овој исклучителнот тежок меч. Ова е пресметка на блиски клубови, кои се поврзани преку тренерот Жељко Обрадовиќ, кој во минатото беше европски шампион и со Партизан и со Хувентуд.

„За Партизан играше еден од моите омилени играчи, македонскиот репрезентативец Бо Мекејлеб. Учев од него гледајќи го, бидејќи бев во 'Белградска арена' во 2010 година, кога црно-белите го совладаа Макаби за пласман на завршниот турнир во Евролигата. Мило ми е што се враќаме со Еврокупот, а исто така ми е драго што првиот меч го играме против Партизан. Имаат нов тренер и неколку нови играчи, не загубија на квалитет и мислам дека повторно се меѓу фаворитите во Еврокупот. Секако, овој меч ќе биде голем тест за нас и ќе сторам сѐ за да му помогнам на мојот тим да дојде до триумф“, изјави Димитријевиќ.

Средбата се игра во Бадалона, со почеток во 20.45 часот.