Дебитантот реди победи: Блокотехна без милост и за косовски Башкими!

Четврти натпревар и четврта победа во новата сезона за екипата на Блокотехна, која сезонава дебитира и во македонската елита и во Балканската лига (БИБЛ), откако вечерва, на домашен терен, без проблеми беше совлада косовскиот тим Башкими (93-71) во меч од 2. коло од регионалното натпреварување.

Претходни, гевгеличани ја преслушаа Тирана, а во домашниот шампионат настрадаа Кожув и Пелистер. Домашните кошаркари вечерва почнаа силно уште од самиот почеток, веќе во првата четвртина остварија двоцифрена предност, која потоа само умешно ја одржуваа до самиот крај. Данило Мијатовиќ со 27 поени беше најефикасен кај Блокотехна, Американецот Бенџамин постигна 20 поени додека Горан Главчев застана на 15 поени.

Во следното коло, избраниците на тренерот Марјан Илиевски ќе му гостуваат на софиски Левски.