Дебитантот од Тафталиџе цели високо: ТФТ ја враќа македонската кошарка во БИБЛ!

Новиот член на кошаркарската елита, екипата на ТФТ од скопската населба Тафталиџе, е нов член на Балканската лига, што значи враќање на македонските екипи во ова регионално натпреварување по пауза од една сезона.

Оваа информација денеска ја потврдија од седиштето на БИБЛ-лигата, од каде што велат дека првиот човек на новиот прволигаш, Боро Смилковски, официјално го потврдил настапал со формална регистрација. Екипата на ТФТ минатата сезона беше првопласирана во Втората лига-Запад во моментот на прекин поради пандемијата со коронавирусот, па пред две недели и официјално беше промовирана во член на највисокиот ранг натпреварување во државата.

БИБЛ е натпреварување формирано во 2008 година, кое во досегашната историја имало две победнички екипи од Македонија и тоа Фени индустри (денешен Еуро Никел) во 2011 година и Блокотехна како последен и сѐ уште актуелен шампион од 2018 година. Регионалното натпреварување следната сезона ќе брои осум екипи од Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и од нашата земја, која има можност за настап на уште еден тим во оваа конкуренција.