Црвена Звезда објави нови информации за здравствената состојба на Кузмиќ

Кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во Босна и Херцеговина во неделата наутро и во моментов се наоѓа во кома во Ургентниот центар во Белград.

„Црвено-белите“ ја известија јавноста со нови информации и испратија охрабрувачки вести, зашто по деталниот медицински преглед почнала да се враќа функцијата на белите дробови.

„КК Црвена Звезда известува дека здравствената состојба на Огњен Кузмиќ е стабилна. Кузмиќ се наоѓа во шок во соба на Ургентниот центар во Белград, но по почетните 24 часа, првите знаци се охрабрувачки.

Во понеделник во раните утрински часови Огњен Кузмиќ повторно беше детално прегледан од страна на медицинскиот тим, па му беше скендирана главата, кој покажа дека по 24 часа нема дополнителни компликации со повредите на главата, а исто така му се враќа функцијата на белите дробови.

КК Црвена Звезда го разбира големиот интерес на јавноста и грижата на сите добри луѓе, па ќе продолжи да известува за здравствената состојба на Кузмиќ. Затоа уште еднаш ве молиме сите, да ја почитувате приватноста на семејството и тежината на ситуацијата во која се наоѓа Огњен“, пишува во соопштението на српскиот клуб.