Црвена Звезда ја доби најголемата казна во историјата на АБА-лигата

Не се смируваат страстите по мајсторката во финалето на АБА-лигата, откако Црвена Звезда го победи Будуќност на свој паркет со 97-54, а хрватските медиуми открија каква казна изрекла управата на натпреварувањето за српскиот тим.

Сепак, за кошарка најмалку се зборуваше бидејќи се случи неверојатен хаос на загревањето, поради што почетокот на мечот доцнеше еден час.

Навивачите на српскиот тим влегоа на паркетот и нападнаа некои кошаркари на Будуќност, но сепак управата на АБА-лигата реши да се одигра средбата иако јасно беше дека гостинските кошаркари не се подготвени на тоа.

Клубот од Подгорица соопшти дека ќе бара да се поништи серијата или повеќе нема да игра во регионалното натпреварување, а денеска се огласија и од АБА-лигата, откако изрекоа казна за Црвена Звезда.

Дисциплинскиот судија на АБА-лигата, Саша Павличиќ соопштил дека Звезда е казнета со 35.000 евра, а тоа е најголемата казна во историјата на овие простори.