Чудесно: Тинејџерка од Уганда на еден меч имаше 33 поени, 49 скока и - 13 блокади!

Тинејџерката Марија Најџума, 15-годишно девојче од Уганда имаше неверојатен учинок на африканското кадетско првенство откако против Мозамбик постигна 33 поени, имаше дури 49 скока и 13 блокади, но сето тоа не беше доволно за победа на нејзината репрезентација.

Најџума со неверојатен индекс од 77 го заврши мечот, нешто што делува нереално и тешко остварливо, но младата кошаркарка успеа да го направи. Сепак, Уганда загуби со 69-73 и тоа после продолженија. На паркетот мина 44 минути.

Инаку Мозамбик во последната секунда погоди за да се избори за продолженија и финале, каде потоа загуби со неверојатни 102-25.