Човиќ за цигарата на Перо Антиќ: Добро што не зема да запали пура! (ВИДЕО)

Претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ даде коментар на видеото, на кое се гледа како Перо Антиќ пуши цигара во кафеана со своето друштво.

Човиќ гостуваше во утринската емисија на една телевизиска програма, каде што меѓу останатото го искоментира тој момент и кажа дека клубот знаел каде се наоѓа нивниот играч, но не го поддржува Антиќ за тоа што запалил цигара.

„Човекот бил на роденден во кафана Дурмитор, секако дека клубот знае за тоа. Тоа што запали цигара, не го поддржувам, но не е ниту прв, ниту последен, кој запалил цигара. Само добро што не влегол во фаза да запали пура“, вели Човиќ.