Центарот на претпоследниот тим избран за МВП на сезоната во АБА-лигата!

Екипата на Цибона сезоната ја заврши на претпоследното место на табелата, со подобар учинок само од нашиот МЗТ Скопје, но и покрај тоа центарот на овој тим, Лука Жориќ, го доби признанието за најкорисен кошаркар сезонава во регионалното натпреварување.

Хрватскиот репрезентативец беше најдоминантен во рекетот, а го имаше и најдобрите бројки во однос на конкурентите. Жориќ сезоната ја заврши со просек од 19,7 поени и седум скока што му донесе 23,24 индексни поени.

Претходно, признанието за најдобар млад кошаркар во АБА исто така заврши во рацете на екипа од Хрватска и тоа кај членот на Цедевита, Џанан Муса.