Центарот на МЗТ Скопје му ги „скрши зглобовите“ на колегата од Спарс! (ВИДЕО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје славенички се враќаат од гостувањето во Сараево, каде што вечерва доминантно го совладаа директниот конкурент за највисок пласман, тимот на Спарс (75-71), во меч во кој домаќинот ниту еднаш не беше во водство.

Американецот Вудард и Хрватот Иванов беа најдобри во составот од Аеродром, но потегот на вечерта беше на српскиот интернационалец Андрија Бојиќ, кој, со кошаркарски жаргон кажано, му ги „скрши зглобовите“ на центарот на домаќинот и поранешен играч на Кожув, Драшко Албијаниќ.