Ц. Звезда во последна секунда го урна Партизан и ја освои шампионската титула!

Кошаркарите на Црвена Звезда во последната секунда од мечот благодарение на Били Берон го победија Партизан со 76-75 и со вкупни 3-1 ја освоија 20. титула по ред во српскиот кошаркарски шампионат.

„Црно-белите“ во првото полувреме имаа предност од 14 поени, но не успеаа да го зачуваат водството и да закажат „мајсторка“ против вечниот ривал, па така Ц. Звезда ја освои третата титула сезонава, по трофејот во АБА-лигата и Суперкупот на регионалното натпреварување.

Мечот во салата „Александар Николиќ“ траеше речиси два ипол часа, а во вторат аминута од последната четвртина дуелот беше прекинат по ударот на гром во салата, по што почна да капе од кровот.