Ц. Звезда по два ипол часа го скрши Партизан за да поведе во полуфиналето од АБА

Актуелниот српски шампион Црвена Звезда по бурно, неизвесно и два ипол чаовно „вечно дерби“ со својот градски ривал Партизан, победи со 106-101 за да поведе со 1-0 во првиот полуфинален двомеч во регионалната АБА-лига.

Белградското дерби не го даде победникот по регуларните 40 минути, во кои во неизвесниот меч, Реинфро со еден соло продор се избори за израмнување 85-85, по што Ц. Звезда не го искористи нападот, па мораше да се играат дополнителни пет минути за да се дознае победникот во овој дуел.

После израмнетиот вовед во продолженијата, црвено-белите првпат исчекорија кон победата со серија од врзани пет поени по неспортската лична грешка над Бернон, а Звезда стгна до 101-96 и потоа таа разлика од пет поени успеаа да ја задржат до крајот на мечот.

Бернон беше најефикасен со 23 поени, а Филип Човиќ даде 16 со девет асситенции. Кај Партизан, Вања Маринковиќ имаше 29 поени, а Џек Лендејл даде 17.