Ц. Звезда ги преживеа Партизан и „нашиот“ Филиповски за триумф во вечното дерби!

Дербито во осмото коло на АБА-лигата меѓу Црвена Звезда и Партизан им припадна на „црвено-белите“ со 86-85 за осма победа во регионалното натпреварување.

Избраниците на словенечкиот тренер со македонско потекло, Сашо Филиповски, храбро се бореа од самиот почеток на натпреварот, но ја загубија првата четвртина со 19-22. По што следеше подобра игра и пресврт во еден момент (33-30). Сепак, тоа како да ја разбуди Ц. Звезда која на полувремето замина со 50-40.

Ц. Звезда ја одржуваше предноста и во третата четвртина, па не им дозволи на „црно-белите“ да ја намалат негативата (65-74). Но, во самиот финиш Партизан влезе во неверојатна серија која не беше доволна за изненадување, туку само да го намали поразот на 85-86.

Најдобар во редовите на Партизан беше Томас со 14 постигнати поени, а кај Ц. Звезда најефикасен беше Волден со 13 поени.