Будуќност ја разгоре војната: Црногорците бараат да се поништи финалната серија со Ц. Звезда!

Откако црногорски Будуќност нецел ден по загубениот трофеј во АБА-лигата со поразот во Белград од Црвена Звезда во хаотичната мајсторка (97-54) остана без тренер по оставката на Јасмин Репеша, тимот од Подгорица преку соопштение побара – да се поништи финалната серија со белградските црвен-бели.

Подгоричани преживеаа линч во Белград, откако кошаркарите беа нападнати на загревање од дел од навивачи на Црвена Звезда, кои по ниф фрлаа со сè и сешто – од столчиња, пиротехника, цигли...

„Снимките пред почетокот на мечот, кои ги објавија сите во регионот, јасно покажаа дека после нападот над кошаркарите на Будуќност немаше услови за нормален меч. Будуќност ќе им се обрати на сите клубови членки и сопствениците на АБА лигата со барање да се поништи финалната серија во АБА. Дополнително ќе биде удоставено барање за промена на пропозициите во АБА, со кои ќе се пропишат драстични казни за клубовите кои ќе дозволат макар и мал дел од тоа што се случи на завчерашниот меч со Ц. Звезда во Белград. Со новите правила треба да се елиминираат ситуациите во кои кошаркарите наместо за врвни спортски резултати размислуваат како да се спасат. Сооглед дека меѓудругото на мечот ескалираше расистичкото и националистичко навивање, должни сме за сите детали да ја информираме Евролигата. Единствена цел е АБА-лигата како регионално натпреварување да се сочува и да биде пример за сите претставници на спортовите во регионот, кои се обидуваат да формираат вакви регионални натпреварувања“, се вели во соопштението, во кое уште еднаш подгоричани објаснија дека поради ултиматумот да не загубат службено прифатиле да се вратат на теренот.