Блокотехна со одлична игра го „тресна“ Башкими

Блокотехна влезе во победничка серија во БИБЛ-лигата, откако денеска на гостувањето кај Башкими славеше со сигурни 92-77.

Башкими добро се бранеше во поголемиот дел од првата четвртина, но на крајот гевгеличани успеаа да поведат со 21-17. Во втората четвртина Блокотехна всушност го реши мечот, откако на полувреме замина со убедливи 52-36.

Во второто полувреме Башкими за момент успеа да ја ублажи предноста на екипата од Гевгелија на 63-73. А, до крајот на мечот Блокотехна одигра одлично и на крајот славеше со 92-77.

Најдобар во редовите на Блокотехна беше Мијатовиќ со 27 постигнати поени, додека кај Башкими најефикасен беше Вотфорд-Хамфри.